Американскиот бренд Stüssy ја слави 40 годишнината со нова колекција маици насловена World Tour. За оваа колекцијата Stüssy собра група на иконски дизајнери како, Rick Owens, Virgil Abloh, Takahiro Miyashita, Marc Jacobs и Martine Rose, кои ќе остават свој потпис на колекцијата.

Извонредните модни фигури сите претставуваат различни градови и заедници кои служеле како инспирација за Stüssy. Секој дизајнер воведува различна перспектива чувствителност и намера и ја означува соработката како „Истомисленици кои се заинтересирани за слични работи. Траен означувач на подземната култура во четири децении. Минатото… сегашноста… иднината.” Колекцијата ќе биде достапна преку веб продавницата на американскиот бренд на 20-ти Ноември.