Една интересна нова студија се обиде да ја открие најдобрата секс поза за жените кога станува збор за достигнување на нивната кулминација преку пенетрација…
Според научниците, одговорот на прашањето која поза е совршена за постигнување женски оргазам лежи во старата добра мисионерска поза, со мала промена, односно со додавање перница под задникот на жената за да и биде карлицата во малку повисока положба за време на сексот.
Како што објави списанието Sexologies, еден пар истражувачи од приватната гинеколошка клиника New H Medical во Њујорк, по долго истражување, ја потврдиле најуспешната позиција за постигнување женски оргазам со испитување на протокот на крв во клиторисот пред и после секс на пет главни позиции.
Испитување врз неколку пози
Позите вклучуваа жена одозгора лице в лице, седење лице в лице, лице в лице со мажот одозгора – без перница и клекнување одзади.
Научниците открија дека протокот на крв во клиторисот се зголемува по сексуалниот однос во секоја варијација освен во клекната „доги“ поза. Заклучиле и дека позата лице во лице со мажот одозгора, познато како мисионерска поза, со перница под карлицата на жената, е најуспешниот начин да се забрза и зголеми протокот на крв во клиторисот.
„Позата со клекнување одзади произведува најмалку директен контакт со клиторисот и резултира со мало зголемување на протокот на крв во оваа област во споредба со позите лице в лице“, напишаа авторите на студијата.
Научно потврдено истражување
Како што е објаснето во трудот, еден пар вредни научници е здрав лекарски пар, двајцата на возраст од триесет и две години, добро познат на истражувачите кои вршеле експерименти врз нив. Уживањето во сексуални акробации под будното око на двајца истражувачи може да се доведе во прашање, но мораме да земеме предвид дека не сите луѓе сакаат исти работи во креветот.
Дополнително, ова истражување е целосно валидно бидејќи не се потпирало на вербална потврда за потенцијален оргазам, туку научно следен проток на крв во клиторисот кај жените, што дефинитивно е вистински показател за сексуална возбуда.
Ова најново истражување е само потврда за слични наоди кои дојдоа од многу поголема студија. Еден труд од 2020 година опфатил 20.000 чешки хетеросексуалци, испитувајќи ги за нивните преференции во тринаесет сексуални пози. Овде се покажува и дека позата лице в лице е вистинската работа кога се бара женски оргазам, иако заклучокот изведен од овој голем примерок е дека најповолната поза е всушност лице в лице со жената одозгора.