За скоро половина луѓе во светот кои се претплатени на Netflix, маките може да завршат. Повеќе од јасно е дека телевизиско-филмската платформа ја обнови серијата Stranger Things со 4 сезона. 

Најавувањетп на серијата Netflix го презентираше преку језивото видео погоре. Она што засега се знае е дека премисата на серијата ќе се промени, особено бидејќи се менуваи локацијата. Третата сезона заврши така што голем дел од ликовите ги спакуваа своите куфери, напуштајќи го градот Хокинс, Индијана. 

Stranger Things

Netflix потпиша договор за проекти во иднина со креаторите на Stranger Things, Рос и Мет Дафер. Изјавија дека со нетрпение ја очекуваат нивната луда имагинација во други проекти. 

Иако сè уште не е одреден точниот датум за прикажување на новата сезона, фановите се надеваат дека нема да потрае колку минатиот пат од цела година.