Роден 1974 год. во Куманово. Дипломира во 1997 год. во Скопје на Факултетот за ликовни уметности, сликарски оддел во класата на проф. Родољуб Анастасов. Во 2000 год. завршува пост-дипломски студии на истиот факултет кај истиот ментор. Од 2002 год. работи во НУ Национален конзерваторски центар – Скопје како конзерватор, а подоцна и како виш конзерватор во лабораторијата за конзервација и реставрација на икони. Во 2018 г. се здобива со звање советник-конзерватор. Голем број негови дела се наоѓаат во јавни и приватни колекции, вклучувајќи музеи и галерии во земјата и странство.
Самостојни изложби:
2018 | Париз (Франција) |
2017 | Куманово |
2017 | Тетово |
2016 | Скопје |
2003 | Охрид |
2002 | Виена (Австрија) |
2001 | Скопје |
1997 | Куманово |
Учествувал на повеќе од 60 групни изложби, ликовни колонии, симпозиуми и семинари во Македонија и во странство.
Награди:
1997 | Скопје | Пофалница од Меѓународно жири на СИАБ 97, Музеј на град Скопје |
1999 | Скопје | Откупна награда од НУБ „Св. Климент Охридски“, ДЛУМ – цртеж ‘98 |
2000 | Скопје | „Димитар Кондовски“ за сликарство, ДЛУМ 47. Музеј на град Скопје |
2002 | Скопје | „Константин Мазев – Коце“ за сликарство, Македонско ликовно творештво мал формат, Културно-информативен центар |