Познатата компанија за производство на аудио опрема го покажа своето последно ремек-дело Kingston Vintage Vinyl Record Player Stereo System. За овој производ од Electrohome ќе речат дека им овозможил на корисниците да ги преслушаат своите омилени винил плочи а во исто време лесно да се поврзат со смартфоните и таблетите преку Bluetooth.

Но тука не застанува, Kingston дополнително вклучува CD плеер, радио и USB приклучок. Единственото нешто што недостасува во овој Kingston е касетофон. Но тоа би се компензирало со фактот дека компанијата овозможила дигитализација на записи од винил или CD и инстант playback. Дигитализацијата на записите не изискува посебен софтвер, доволно е само да приклучите USB drive и да притиснете „record”. А цената на еден вакув плеер е 199 американски долари.