Инспирирајте се и украдете ги идеите од најмодерните мажи во историјата на кинематографијата, музиката и политиката за совршен летен изглед.

Со вистинските амбасадори на машкоста и кул облеката која денес е малку и загрозена, прошетајте назад низ времето за некои брзи класични летни часови за стил. Во прилог се седумте најголеми машки модни икони кои со својот личен стил успеаја да обликуваат модни трендови – секој во своето време.

Клинт Иствуд – поло маичка

летен изглед

Поло маичката, омилената „preppy Harry“ на Клинт Иствуд, е маичка со кратки ракави, помалку строга поради својата ткаенина и дизајн. Изобилува со сериозност и елеганција, се додека ја носите со спуштена јака, како Клинт.

Како да ја носите денес: Дајте им предност на поло маичките во неутрална, светла боја – бела, сива, светлосина – и комбинирајте ја со пантолони и мокасини или чино и патики за полежерен летен изглед.

Марлон Брандо – бела маичка

Белата маичка, освен што е вонвременска, веројатно е и најудобното парче во вашиот ормар кој најлесно се комбинира. Не е случајно што ова е заштитен знак на Марлон Брандо, но и на „бунтовникот без причина“ Џејмс Дин.

Како да ја носите денес: Бирајте ги оние со кружен изрез и секако комбинирајте ја со фармерки во темносина нијанса.

Брајан Фери – ленено одело

летен изглед

Најубавото од сите одела – лененото. Неговиот единствен реален недостаток е тоа што лесно се гужва. Но, ако го носите исто како што тоа го правеше Фери, постои ризик вашиот стајлинг да изгледа малку старомодно.

Како да го носите денес: Прво изберете ленено одело во светла нијанса на беж, бела или сива боја. Второ, комибнирајте го оделото со карирана кошула или маичка. Трето, не носете кравата. Четврто, оделото комбинирајте го со лесна обувка како патика, мокасина или еспадрила.

Монтгомери Клифт – хавајска кошула

Едно од најделикатните парчиња во машката летна гардероба, со оглед на тоа дека со години беше знак на недостаток на елеганција, хавајската кошула со кратки ракави се врати во прв план кај модата. Еден од неколкуте ретки амбасадори на овој стил беше Монтгомери Клифт, кој знаеше како да ја комбинира со цел да не изгледа само стилски, туку и секси.

Како да се носи денес: Закопчана во комбинација со панталони или бермуди. Откопчана со маичка под неа. Меѓутоа, она што треба да го запаметите е дека цветната кошула секогаш се комбинира со еднобојни панталони, фармерки или бермуди во неутрална нијанса како темносина, сива, црна или беж боја.

Роберт Редфорд – војничка јакна

Летен изглед

Војничката јанка е едно од многу парчиња кои се „родија“ на бојното поле пред да слета во вашиот ормар. Овие јакни, како што е познато, поради нивната должина и повеќекратни простори за одлагање беше носена од американското воено воздухопловство во 50-тите години. Роберт Редфорд оваа јакна ја носеше на мошне кул начин и ја направи модно парче.

Како да се носи денес: Во текот на најстудените летни ноќи префрлете ја преку маичка или џинс кошула, задолжително закопчувајќи само едно од многуте копчиња.

Џон Кенеди – Total White Look

Тука не се гледа одредено парче, туку комбинација на класични парчиња – бела кошула со кратки ракави, бели панталони, бели патики. Џон Кенеди на свој начин усвои целосно бел изглед, притоа делувајќи елегантно и модерно.

Како да се носи денес: Лесно. Клучно е да се изберат класични ткаенини и парчиња во иста нијанса на боја.