Мажите денес се грижат за својот изглед, исто како и жените. Различните модни трендови ни донесоа неверојатно разновиден избор кога е во прашање гардеробата, па затоа имаме многу повеќе опции кога станува збор за креирање на сопствен стил. Сепак, и покрај многуте опции кои ни стојат на располагање, постојат мажи кои прават еклатантни стилски грешки кои сериозно влијаат на нивниот конечен изглед.

Овој пат ви откриваме пет работи кои можат да влијаат на впечатокот што ќе го оставите на сите луѓе што ќе ги сретнете во текот на еден ден, вклучувајќи го и женскиот пол, кој треба да го избегнувате по секоја цена.

1. Премногу додатоци

Ланчињата, нараквиците, пирсовите и обетките во повеќето случаи знаат како да го подобрат вашиот изглед и стил, ако тоа е она што вам ви се допаѓа, но има многу примери каде мажите претераат со овие додатоци. Сигурни сме дека ќе се согласите со нас дека повеќе, во овој случај, не е подобро. Кога ќе видиме маж со половина леарница на него, никако не можеме да го најдеме привлечен, а мислиме дека и жените го делат истото мислење. Затоа, доколку сакате некои модни додатоци, бидете умерени.

2. Вратоврска

Кога велиме дека вратоврската го уништува вашиот изглед, не мислиме дека сите вратоврски се лоши, туку мислиме на лош начин да ги врзете. Во денешно време се почесто се гледаат мажи со лабави и лошо врзани вратоврски кои едноставно изгледаат неуредно. Погрижете се вашата вратоврска да биде добро наместена и секогаш стегната. Доколку сепак сакате опуштен изглед, тогаш подобро да ја извадите вратоврската за да избегнете драматични стилски грешки.

3. Бричење

Да токму така, брадата може да ве уништи, но само ако не знаете како да ја одржувате и правилно да се избричите. Ако барате мазно бричење кое ќе ги остави вашите образи меки како долниот дел на бебето, тогаш треба да ја избричите брадата со големо внимание. Никој не сака да гледа крвав човек со лузни по целото лице. Ако сепак сакате подолга брада, потрудете се редовно да ја одржувате или почесто посетувајте го вашиот бербер кој тоа ќе го направи професионално за вас.

4. Пропорции

Запомнете, никој не сака да гледа маж во преголеми или претесни парчиња облека. Погрижете се сите нови работи што ги имате да бидат прилагодени на вас. Исто така, не е лошо да посетите кројач кој ќе ви ги модификува оделата и другите ситници кои се надвор од вашите пропорции. Ова дефинитивно ќе направи да изгледате одлично.

5. Очила

Очилата можат да бидат одличен моден додаток, но само кога одговараат на обликот на вашето лице. Не можете само да ги купите наочарите што ги сакате, туку треба да ги изберете оние што најмногу ги истакнуваат цртите на вашето лице. Истата приказна е и со очилата за вид. Обидете се да добиете помодерни и убави рамки, за да го избегнете здодевниот и нервозен изглед на Кларк Кент.