Како дел од глобалната заедница Modern Voices на модната куќа Zegna, познатиот американски DJ и продуцент Steve Aoki почнува соработка со патики во ограничено издание. Во оваа соработка на модификација подлегнува моделот Zegna Triple Stitch. Од нив ќе се произведат 77 пара патики, секои од нив соодветно обележани. Патиките кои одлично се вклопуваат во секојдневниот стил, се сметаат и за елегантни поради велурот од кои се направени. На задната страна на патиките е врежано логото на познатиот Steve Aoki. Како заштитен знак на модниот бренд Zegna, овие патики немаат врвки туку три еластични ленти на предната страна.