Starlink, сателитскиот интернет сервис на SpaceX, сега позната како бета верзија е отворена за тестирање од страна на потрошувачите. Се чини дека „идниот“ провајдер на корисниците им нуди неверојатна брзина на превземање, со корисници кои пријавуваат брзина на преземање поголема од 95 проценти споредбено со конкуренти.

Мерењата се објавувани на Reddit од страна на корисниците кои го тестираат овој тип на интернет и според прикажаното достигнувањата се доста импресивни. Всушност целта на Илон Маск, со Starlink, беше да обезбеди стабилен и брз интернет дури и на оддалечени места, а според тестимонијалите во оддалечена област среде Монтана, постигната е импресивна брзина на преземање од 174 Mbps, земено во предвид дека просечната брзина во САД е генерално околу 135 Mbps.