Adidas e еден од оние брендови кои вложува во создавање на лимитирани колекции и идеални соработки со други икони на поп културата. Како на пример, Star Wars. Ваквата соработка ја започнаа со лансирање на R2-D2 патиките, а сега на ред се Stormtroopers во верзија на патики.

Stormtrooper

Обоени се во препознатливата црно-бела варијанта, на левата пета ќе ги најдете зборовите Open the blast doors!,додека на десната Set to stun. Ова оди совршено со цртежот од Stormtroopers исцртан на јазикот од патиката. 

Иако сè уште не постои конкретен датум за продажба, се очекува патиките да бидат достапни онлајн некаде за време на премиерата на последниот Star Wars: The Rise of Skywalker, закажана за 20 декември.