Нема да погрешиме ако кажеме дека смартфоните го сменија начинот на кој комуницираме, но и начинот на кој ги примаме информациите. А, дефинитивно тие го променија и начинот на кој правиме фотографии.

Со помош на водечките уреди на Samsung од Galaxy S серијата, “малиот“ и “паметен“ уред кој го носиме со нас секаде, создаде револуција во начинот на кој се прават фотографии и на кој се доловуваат вистинските моменти.

Со новиот Samsung Galaxy S10, компанијата Samsung воведе иновативна камера со повеќе леќи која создава фотографии речиси на професионално ниво.

Софистицирана, прецизна, паметна

Galaxy S10 доаѓа со тројна камера на задната страна. За секојдневните широкоаголни снимки, можете да ја користите напредната широкоаголна камера со 12 мегапиксели. Исто така, можете да ја прилагодите фотографијата согласно светлината во моментот на фотографирање.

Потребно ви е нешто повеќе? Со допир на едно копче, можете да направите премин кон “Телефото“ камера која преку двојниот оптички зум ќе ви овозможи доближување до објектите кои ги фотографирате.

Galaxy S10Сакате да фотографирате повеќе сцени одеднаш? Тогаш вклучете ја новата 16-мегапикселна ултрашироко – аголна камера на Galaxy S10. Со видно поле од 123 степени, создадете неверојатни фотографии како никогаш досега, и тоа само со вашиот смартфон.

Како до совршено “селфи“? Galaxy S10 има надградена камера со “Dual Pixel“ автофокус и можност за снимање на “4K UHD“ видео. А, снимањето на видео со задната камера исто така нуди импресивни можности за снимање на видео. Тоа е првиот телефон во светот кој со помош на задната камера може да снима “HDR10+“ видеозаписи со технологијата за динамичко мапирање.

Без разлика дали верувате во својата дарба како фотограф, сега имате можност да создадете врвни фотографии со мала помош од интелигентните карактеристики како “Scene Optimizer“ и “Artistic Live Focus“, кои Sasmung ги имплементираше во S10.

Годините кога мислевте дека тешката опрема за камера е невозможно да се носи на пат и затоа нема да направите супер фотографии, станаа историја. Со новиот Samsung Galaxy S10 искусете ја една од најдобрите камери во светот на смартфоните. Уживајте!