Еуфоријата за првиот роденден на Levi’s во Skopje City Mall се чувствуваше уште во првиот момент кога ќе навлезете во трговскиот центар. Требаше само да дозволите да ве води музиката и на неколку чекори ќе го забележевте изворот. Лицата на насмеаните посетители ветуваа добра забава, а црвениот знак испишан со бели букви ги пречекуваше љубителите на урбаниот изглед.
Внатрешноста на продавницата беше исполнета со убава и пријатна атмосфера. Посетителите ги забавуваше милозвучниот глас на пејачката Лаура Крлиу, додека имаа прилика да уживаат во вкусна храна и пијалак. Парчињата наредени на закачалките и рафтовите зборуваа приказни за долга модна урбана традиција која се пренесува со генерации, а новите колекции, иако имаат задача да го следат трендот, сепак не скршнуваат многу од она класичното, урбаното, едноставно обележје на Levi’s.
Тексас кошули, маички со натписи, дизајни и везови, јакни, дуксери и патики, и секако незаменливите 501 фармерки, меѓу останатите парчиња, беа предмет на насмевка кај посетителите – оние од постарата генерација кои во сеќавањата водеа прошетка низ својата младост. За помладите, почеток на долга и нераскинлива модна приказна.
Levi’s ја дувнаа првата свеќичка од многуте кои следуваат претставувајќи уште една подвижна точка која го одржува урбаниот срцев ритам на градиот Скопје.
Среќен роденден Levi’s.