Влегувањето во новата дигитална ера ја буди креативноста кај брендовите. Spyder за оваа кампања работеше со уметник Карлос Серао, а инспирација црпи од секојдневните животни ситуации кои стануваат извонредни, динамиката на спортот и стремежот кон нов живот што постои некаде помеѓу реалноста и фантазијата.

Филмот кој ја претставува кампањата на Spyder за сезоната Пролет/Лето 2021 е насловен „Нереална реалност“ и е поделен на четири различни поглавја. Првото поглавје, zero-gravity movements, се осврнува кон слободата на движењата, слободата на изведбата, додека втораото поглавје го прикажува пресекот помеѓу реалноста и виртуелното.

Во третото поглавје се менува перцепцијата на камерата, и завршното, четврто поглавје ја затвора кампањата со синхронизирани рутини за да се прикаже функционалноста на облеката. Целта на кампањата е симболизирање на спортската убавина преку облеката.