Spotify го лансираше својот прв паметен плеер наречен „Car Thing“, кој се закачува на отворот за климатизација на вашиот автомобил и овозможува слушање музика. Овој уред е дизајниран да ја смени употребата од мобилните телефони за слушање на музика, вести и подкасти. За да може да се користи уредот треба да се има премиум претплата на Spotify и интернет конекција.

Car Thing може да се контролира со гласовна команда, за полесно користење. Компанијата соопшти дека е инспирирана да го создаде аудио хардверот затоа што многу луѓе го слушаат Spotify додека возат и тој не треба да им конкурира на постојните инфо-забавни системи во автомобилите. Фокусот на компанијата е станување на број еден музичка платформа во светот, а овој уред е создаден поради потребата корисниците на Spotify да имаат непречено и персонализирано искуство без разлика на моделот на колата или годината во која тој е произведен.

Моментално Car Thing е достапен во Америка без надомест, со покана. Но се очекува овој уред да биде широко распространет, но се очекува и Spotify да ги прошири своите понуди,бидејќи услугите за стриминг сочинуваат 83 проценти од приходите на музичката индустрија во 2020 година.