Компанијата Hublot создава историја со лансирање на првиот часовник направен од жолт сафир, отпорен на гребење. Часовник „Spirit of Big Bang Yellow Sapphire” е првиот часовник од ваков вид, дизајниран да биде отпорен на гребење, направен од фузија на бакар и алуминиум оксид, создавајќи уникатно цврст материјал.
Покрај извонредното ниво на цврстина, доаѓа и подеднакво ниво на леснотија. Овој револуционерен потег создава часовник кој се карактеризира со куќиште од полиран жолт сафир со димензии од 42 mm, во внатрешноста е поставен Hublot-ов HUB4700 хронограф, водоотпорен (до 50 метри). Моделот „Spirit of Big Bang Yellow Sapphire” доаѓа во ограничено издание од 100 парчиња што се продаваат по поединечна цена од 106.000 американски долари.