Shmaltz Brewing Company, американска компанија позната по „урнебесните” празнични понуди, слави 23 години постоење токму на Ханука (еврејски празник). Позната како „единствена еврејска компанија за славење на пивото“ претстави празнично издание под името Hanukkah Beer. Новото Hanukkah Beer, всушност е Dark Ale пиво со чоколадна нота, кое ги слави осумте ноќи на Ханука (22 – 30 декември 2019 година)“.

Hanukkah BeerShmaltz Brewing Company, постои од 1996 година и е позната по пивото He’brew, кое се продава во 37 држави. Во 2013 година оваа компанија е рангирана во „Top 100 Brewers in the World”. Името на компанијата се однесува на shmaltz, вид на маст која се користи во еврејската кујна, додека сите He’brew пива се кошер сертифицирани.