Ако сте си купиле Apple Mac Pro, а сте заборавиле да си додадете сет тркала за полесно да го движите вашиот скапоцен компјутер, Apple ја додаде опцијата да си нарачате сет од четири тркала за цена од 700 американски долари. Најскапиот компјутер на Apple сега има и скап додаток.

Всушност доколку сте си нарачале од компјутерот кој има почетна цена од 6.000 американски долари и во истата нарачка сте го додале овој скап додаток тогаш цената на додатокот ќе ве чини дополнителни 400 американски долари.

Од компанијата велат дека овие тркала се специјално дизајнирани, од нерѓосувачки челик и гума кои додаваат еден инч во висина на компјутерот и служат за полесно движење на истиот. Инаку заедно со сетот тркала доаѓа и упатство и алат за инсталација.