Редок примерок на Citroen DS21 Concorde, изработен во купе верзија од страна на Анри Шапрон, на продажба за 189.500 долари. Станува збор за исклучително редок модел на автомобил, а направен е за францускиот архитект Жан Лавал.

Автомобилот е во Midnight Blue/Shell Gray бои на екстериерот, во внатрешноста има кожни седишта, електрични стакла, Radiomatic FM радио, Hirschmann антена, Marchal светла за магла, Robergel жични тркала и опционален Jaeger инструментален кластер. Ова возило е едно од само 35 вакви Citroen DS21 Concorde модели направени од Шапрон.

Прочитајте повеќе на avtoplus.mk