За фитнес фанатиците кои секако сакаат да вежбаат во теретана, можеби има решение. Американски производител на спортска облека Under Armor лансира маска што е во согласност со стандардите на Центрите за контрола на болести и превенција за да им овозможи на спортистите да се заштитат себеси и другите додека тренираат. Новиот производ ќе излезе во продажба кон средината на јули.

За да им овозможи на спортистите да тренираат со заштита на лицето, но без да бидат подложени на ризик од хипоксија (недостаток на кислород), американскиот бренд дизајнираше специјална маска за повеќекратна употреба, водоотпорна, која има специјален подесувачки мост на носот за да да го намали протокот на воздухот кон очите.

Позната како UA SPORTSMASK, ткаенината од која е создадена маската е тенка, лесна, со задебелен дел во средината кој кој дозволува проток на воздух но ја блокира влагата и потењето. „Користената ткаенина се третира со PROTX2, неметална антимикробна технологија, лабораториски тестирана, за уништување на COVID-19“, посочуваат во соопштението за печатот.