Архитектурата и дизајнот, со воведување на нови технологии, постојано се развиваат и подобруваат. Па така архитектонскиот дизајн кој е концепт кој се фокусира на елементите и структурата, работат на решенија кои се кохерентни и функционални. Со појавата на револуционерни градежни материјали доаѓа и склоноста кон убави отворени простории и воведување на транспарентни елементи. Како дел од транспарентните компоненти се и базените кои красат неколку убави објекти.
1. Hotel Hubertus, Италија Овој базен долг 25 метри е проектиран од предната страна на ски резортот во италијанската провинција Јужен Тирол. Базенот се наоѓа на висина од 12 метри потпрен на столбови од ариш кој е соголен. На едната страна има транспарентен дел, стаклен отвор, кој овозможува на пливачите чувство на лебдење.
2. Sky Pool, Лондон Поврзувајќи две згради на 10-ти кат, овој транспарентен базен е опишан како првиот целосно транспарентен базен во светот. Мостот, базенот е конструиран целосно од акрил, а пливачите имаат поглед на Лондон на висина од 35 метри.
3. Anaha complex, САД Дизајниран од Solomon Cordwell Buenz, овој комплекс во Хонолулу има базен со стаклено дно. Базенот се наоѓа на седмиот кат, а пливачите уживаат во поглед кон земјата од 23 метри.
4. Panorama, Бразил Овој апартман има базен сличен на аквариум. Базенот долг 10 метри е одделен од главната површина за живеење на станот со дебели стаклени панели, додека пливачите се појавуваат како во аквариум.
5. Market Square Tower, САД На врцот од облакодерот Market Square Tower во Хјустон, се наоѓа базен во облик на крст и има еден транспарентен дел. Базенот е изграден на 40-тиот кат од облакодерот на висина од 153 метри од земја.