Британската аукциска куќа Gooding & Company продава шест ултра ретки модели на Ferrari Spider чија заедничка вредност според проценките изнесува 8,3 милиони евра. Оваа Ferrari колекција ќе се најде на продажба следниот месец.

Два модели од италијанскиот производител се очекува да достигнат максимална вредност од 100.000 долари – 308 GTS Quattrovalvole од 1985. година и 348 TS од 1990. Првиот доаѓа во култната Rosso Corsa црвена боја на Ferrari со црна кожа и се движи благодарение на три-литарски V8 мотор, додека вториот модел може да се пофали со 3,4-литарски V8 со мала километража. Но, за најголемите фанови на Ferrari, кои бараат специјална италијанска егзотика ги има и следните четири модели во понудата:

1995 Ferrari F50 (проценета вредност: 3.200.000 – 3.600.000 долари)

Ferrari

Произведен во екстремно лимитирана бројка, F50 е уникат меѓу суперавтомобилите на италијанскиот производител и е единствениот модел од линијата 288 GTO до LаFerrari кој поседува V12 мотор, шестстепен мануелен менувач, дизајн од Pininfarina. Овој модел кој се нуди на акуцијата е само еден од 55-те модели кои се направени за пазарот во САД.

1972 Ferrari 365 GTB/4 Daytona Spider (проценета вредност: 2.000.000 – 2.400.000 долари)

Ferrari

Италијанската компанија за првпат го претстави овој модел на Саемот во Париз во далечната 1968. година. Неговото неофицијално име е Daytona во чест на победата на 24 часа Дејтона една година претходно. Овој одлично зачуван Daytona Spider, кој е еден од само 121 произведени модели, некогаш му припаѓал на оскаровецот Сидни Полак.

1960 Ferrari 250 GT Series 2 Cabriolet (проценета вредност: 1.300.000 – 1.500.000 долари)

Ferrari

Кабриолетите од Серијата 1 и Серијата 2 привлекоа огромно внимание ширум светот веднаш по своето претставување, но со оглед на нивната лимитирана продукција и високата цена, тие остануваат најексклузивните возила од сите Ferrari 250 GT автомобили. Овој еден од 200 модели произведен во 1962. година, беше продаден на Алехо Пералта Дијаз, еден од најбогатите мексикански бизнисмени и тоа како нов модел од салон. Овој редок модел се уште се нуди со оригиналниот покрив.

2001 Ferrari 550 Barchetta (проценета вредност 400.000 – 500.000 долари)

Ferrari

Во чест на 70-тиот роденден на Pininfarina, долгогодишните дизајнери на Ferrari, добија задача да изградат лимитирана серија на Spider модели кои потсетуваат на славниот Barchetta од 1950-тите години. Конечниот производ е Ferrari 550 Barchetta од 2001 година и беше претставен на Саемот за автомобили во Париз во 2000 година. Од овој модел се изработени само 448 примероци. Моделот кој се нуди е 141-виот произведен во серијата, а има поминато само 1100 километри.

Целосната колекција на Ferrari ќе се најде на продажба на 17 и 18 јануари.