Snap Inc матичната компанија на Snapchat, ги презентираше Spectacles 3, најновата верзија на паметните очила за сонце, овој пат со двојни HD камери дизајнирани да го доловат светот во 3Д.
Идејата е корисниците да можат да притиснат копче и да снимаат видео до 60 секунди, што ќе биде зачувано на нивниот телефон. 3Д фотографиите и видеата потоа може да бидат поставени на Snapchat, но овој гаџет е одличен за патниците кои сакаат да се фалат со своите патувања во реално време.
Очилата се изградени од не’рѓосувачки челик со две HD камери поставени на двете страни од рамките, додека новите 3D ефекти овозможуваат да додадете нова димензија на вашите слики и видеа. Spectacles 3 ќе бидат во продажба оваа есен или со претходна нарачка на spectacles.com.