Интересна новина за авантуристите од SpaceX е тоа што до крајот на 2021 година ќе може да патувате во вселената. И тоа не сами, туку со најблиските пријатели. Станува збор за тура со која четири лица ќе може да искусат интергалактичко патување во орбитата и да ја видат Земјата на начин на кој никој не ја видел уште од Gemini програмата.

За оваа цел SpaceX во соработка со Space Adventures прават план кој отприлика звучи вака: патниците ќе тргнат од Cape Canaveral, Флорида со едно од Crew Dragon леталата на SpaceX и ќе летаат се додека не достигнат висина два-три пати поголема од висината на Меѓународната вселенска станица која орбитира на висина од 408 километри. Патувањето ќе трае 5 дена без да ја посетат Меѓународната вселенска станица.