Компанијата SpaceX, која е во сопственост на Елон Маск, стана првата приватна компанија која успеа да однесе луѓе во вселената, а сега ги откриваат деталите за вселенските костуми кои ги носат астронаутите Робер Бенкен и Даглас Харли на Dragon капсулата на патот кон Меѓународната вселенска станица.

Во двеминутното видео кое го објавија на YouTube, од SpaceX објаснуваат како нивните вселенски костуми се дизајнирани да имаат оптимална функционалност во внатрешноста на Dragon капсулата. SpaceX менаџерот за опремата на екипажот, Крис Триг, објаснува дека костимот е дизајниран „да се грижи сам за себе“ во моментот кога астронаутите ќе бидат сместени во капсулата.

„Костимот е всушност еден дел од поголемиот Dragon систем. Навистина е дел од капсулата, па на него гледаме како еден вид костум/седиште. Седиштата во кои е поставена посадата и костимот на многу начини работат заедно. Мислам дека една од најинтересните работи околу костимот е дека не е само парче хардвер, не е само обичен костим, туку е многу лична работа“, изјави Триг и додава: „Тоа е костум на Боб, тоа е костум на Даг, така што гледајќи ги нив двајца во костумите кои ги користат за време на летот е навистина фантастична работа.

За повеќе детали поврзани со SpaceX вселенскиот костум погледнете го видеото кое е во прилог.