Компанијата SpaceX успешно ја лансираше својата Inspiration4 мисија во вселената, која е првата целосно цивилна туристичка експедиција во орбитата.
Falcon 9 ракетата и Dragon вселенското летало на SpaceX го напуштија Kennedy Space Center на NASA во Флорида во средата вечер, носејќи екипаж составен целосно од туристи, односно цивили, а заедно со нив беше и командирот Џеред Ајзекмен, основачот и извршен директор на Shift4 Payments кој се опишува како „остварен пилот и авантурист“. Дел од екипажот беше и медицинскиот офицер Хејли Арсено, доктор во детска болница, потоа специјалистот за мисијата Крис Семброски кој е ветеран на Воздухопловните сили и инженер, како и пилотот на мисијата, Сијан Проктор, геонаучник, претприемач и трениран пилот.
Dragon вселенското летало е единственото летечко превозно пловило кое може безбедно да врати значителна количина на товар назад на Земјата, додека Falcon 9 е првата вселенска ракета на светот која може одново да се користи. Екипажот ќе патува со брзина од над 17.000 милји на час и доби комерцијална космонаутска обука од страна на SpaceX во пресрет на лансирањето.
Мисијата ги надминува претходните летови на Virgin и Blue Origin
Според компанијата, една од целите на мисијата е собирање на 200 милиони долари за St. Jude детската истражувачка болница и истражување на човечкото тело во вселената со цел да се унапреди човечкото здравје на Земјата и во вселената.
Ова повеќедневно патување вклучува и орбитирање околу Земјата на секои 90 минути на висина од 575 километри заедно со специјално направена летачка патека и ќе биде мониторирано од SpaceX контролата. Кога мисијата ќе заврши, Dragon ќе влезе во атмосферата на Земјата и ќе слета во вода во близина на брегот на Флорида.
За разлика од Virgin Galactic на Ричард Бренсон и Blue Origin на Џеф Безос, чии патувања траеја еден ден и достигнаа висина од само 80 километри над земјината површина, односно 100 километри и траеја од 10 до 15 минути, патувањето на SpaceX ќе трае далеку подолго и ќе биде на далеку повисока висина, со што може да се смета за вистинска вселенска мисија.