Ноември е месец на машкото здравје, а мустаќите, за среќа, не се актуелни само месецов. Но, ако досега ви требаше повод за да ги одржувате, нека биде тоа подигнување на свеста. Инвестирајте во мустаќи овој ноември!

Постои нешто неверојатно мажествено во брадата, но особено во мустаќите. Нешто што поттикнува самодоверба и стил, како Том Селек или Бурт Рејнолдс, икони од 70-те. Без разлика дали стилот или свесноста се причина поради која сте се одлучиле на носење мустаќи, еве неколку совети како да ги одржувате на вистинскиот начин. 

мустаќи

ПОДОБРО РАСТЕЊЕ

Според експертите во областа, скоро секој може да порасне мустаќи, дури и да има дупки во брадата. Прво нешто што треба да го имате на ум при носење мустаќи е храброста. 

Започнете со растење на брадата, па кога ќе дојдете до одредена должина, направете ја пократка од мустаќите. Со текот на деновите, можете и целосно да ја отстраните. Така, нема да ви биде чудно кога ќе се погледнете во огледало, наеднаш со мустаќи. 

ОДРЖУВАЊЕ

За разлика од брадата, мустаќите се песна. Кратете ги со ножички или машинка, секогаш кога ќе имате прилика. Внимавајте на страните, не сакате да ви бидат издолжени како гранки од страна на усните. Целете кон форма на тапа пирамида – од врвовите кај носот до краевите на усните. Толку. Користете чешел или четка при потстрижување. 

ПРОИЗВОДИ

Тука важи правилото: помалку е повеќе. Потребен ви е добар балсам за брада, кој ќе ја одржува мекоста на влакното – да не делува како искубана четка. Потребни ви се чешелче, четка и ножички за потстрижување. 

Со здравје да си ги носите мустаќите овој ноември, а можеби и подолго.