Кога доаѓа зима, можете да уживате завиткани во слоевита облека, а чувството е дотолку подобро ако тоа го правите со стил.  Задолжително вложете во квалитетен зимски капут кој ќе ви стои совршено во смисла на мерка и форма во однос на вашата телесна градба.

Едниствено решение за да изгледате претставително е, врз вашето рачно изработено одело да носите и рачно изработен кaпут, се разбира направен по ваша мерка. Оваа есен-зима акцентот е на луксузни парчиња, а можете да експериментирате и со пропорциите за уникатен изглед.

Еве неколку совети кои тие ги издвојуваат, а на кои треба обрнете внимание при изборот на капyт.

Карактеристики на еден добар капут:

Материјал:  Ако не сакате често да купувате кaпут, најдобро е да изберете капут кој ќе биде направен од квалитетен материјал. Што подразбираме под тоа? Тоа значи капут направен од 100% волна  или пак 90 % волна и 10% кашмир.

Должина: Во минатото должината на еден капyт најчесто била до зглобовите на нозете, денес тоа останува на вас бидејќи кога купувате капут по ваша мерка, секако дека се изработува и по ваша желба. Денес најчесто се носат капути до колено или неколку сантиметри над тоа.

Правилен фит: Запомнете доколку купувате капут од продавница секогаш пробувајте над сако, бидејќи капутoт го носите над нив. Доколку го закопчате капутот и кај копчињата ви се појави X-набор тоа значи дека капутот ви е мал.

Стил: Капутот може да биде со три копчиња:

– The Notch Lapel (класичен ревер), со стандардни два коси џебови.

– Капут со 6 копчиња (капут на преклоп) најчесто одговара со The Wide Peak Lapel (широк шпиц ревер) и бидејќи е капyт секогаш треба да се внимава на функционалноста на џебовите.

капут

Боја: Кога станува збор за изборот на боја, на секој маж му е потребен универзален кaпут во камел боја. Алтернативно решение, одберете сив. На пример, овој класичен и безвременски капут со три копчиња испириран од Италијанскиот стил.

капут