Постојат обични масажи кои се тука да ве релаксираат и еротските масажи кои ќе ви ја доведат крвта до точка на вриење. Еротската масажа е слична на обичната, со тоа што нејзината крајна цел е да ве ослободи од тензијата и да го намали стресот постигнувајќи сексуална кулминација. 

Многумина би уживале во еротската масажа, ако таа е направена на вистински начин – темелно и посветено, нанесувајќи притисок токму таму каде што е потребно. Еротската масажа се состои од две есенцијални компоненти. Првата е конкретното масирање, а втората сензуалноста. Ова значи дека не треба да пишувате букви на телото на партнерката, ниту пак да ги стискате оние екстра килограми кои ги има. Совет до два, како да ја усовршите еротската масажа за вистинско уживање. На двете страни. 

Подгответе ја атмосферата

Замолете ја партнерката да се соблече и да легне на креветот. Пригушете го светлото, а ако тоа не можете да го направите со сијалицата, исклучете го светлото и запалете неколку свеќи. Пуштете убава, релаксирачка музика. Тоа не мора да бидат спа звуци, туку музика која ќе ѝ се допадне на вашата партнерка. 

Користете еротски лосиони и масла

Не земајте го првото млеко за тело кое ќе го видите на полицата во бањата. Употребете убаво масло за масажа, особено некое наменето за зголемување на сексуалното задоволство. 

Почнете и продолжете со бавно темпо

Првите 20 минути од еротската масажа треба да наликуваат на вообичаена масажа. Не почнувајте директно со масирање на интимните делови. Овие почетни минути треба да се резервирани да ѝ помогнете на партнерката да се опушти. Масирајте со целата рака со бавни и не многу интензивни движења, по должината на мускулите. Посветете време на секој дел од телото, барем по две минути. 

По масирање, време е за задевање

Од вратот и грбот, веќе е време да се префрлите на интимните делови. Шегата настрана, досега би требало да сте го измасирале целото тело на вашата партнерка – грбот, вратот, рацете, зглобовите, прстите, стапалата, нозете. Па ви остануваат интересните моменти. Доближувајте се до интимните делови, без конкретно да ги допирате. Ова значи, наместо да преминете веднаш на брадавиците, масирајте ги градите. 

Преминете на главното

Кога ќе дојдете до овој момент, веројатно и партнерката веќе гори од желба за сексуално задоволство. Па така, и најнежниот допир ќе биде успешен. По конкретна стимулација, сега веќе може да посегнете по пенетрација или интензивно орално задоволување. Ако правите сè како што треба, партнерката би требало да искуси оргазам. Што и да правите, дозволете ѝ во секој случај да доживее кулминација. Нема ништо полошо од тоа да ја заведете и возбудите и да се откажете пред самиот крај. Тоа брутално. Вложете труд до крај