За време на интензивен тренинг, се потиме многу, па така внесот на вода за време на тренинг треба да биде оптимален за да остане телото хидрирано. Клучот е во подготовката, хидрирање на телото пред, за време и после тренинг, што ќе ни овозможи да го извлечеме максимумот од тренинзите.

Но, што точно се случува со нашите тела за време на вежбање? Првото нешто што обично го забележуваме е зголемување на телесната температура. Ова е затоа што на вашите мускули им е потребна енергија за тренингот, а таа енергија се обезбедува од согорување масти и јаглехидрати во низа хемиски реакции кои произведуваат топлина. Кога вашето тело ќе се загрее премногу, тоа се поти во обид повторно да се олади. Потењето доведува до губење на вода, а губењете на вода до дехидрираност.

Нашите тела имаат потреба од вода за да функционираат, а дехидрираноста може да доведе до низа проблеми, од грчеви и конфузија до губење на свеста. Кога вежбаме, обично инстинктивно посегнуваме по шишињата вода, и иако пиењето вода во оваа фаза е одлично, сепак треба да го подготвиме нашето тело од претходно, односно и пред тренинг да пиеме вода.

1. Подгответе го вашето тело пред вежбање

Пиењето вода пред да одите во теретана е одличен начин да ги подмачкате зглобовите и да си помогнете во транспортот на хранливи материи кои даваат енергија и кои вашето тело ги користи за време на тренинзите за да ја постигне од вас зададената цел. Значи, пред да започнете со следниот тренинг, не заборавајте да пиете најмалку половина литар вода два до три часа пред тоа.

2. Останете хидрирани за време на тренингот

Клучно е секогаш да имате при рака извор на хидратација кога вежбате. Ова значи полнење на шише со вода или друга опција се таканаречените hydration packs за да може да посегнете по нив кога ви треба, да бидат лесно достапни.

3. По вежбање

Во ова време, вие се потите интензивно и сакате да го испиете целото шише со вода. Но тоа би било погрешно. Пијте колку што треба, но имајте на ум дека прекумерната хидратација, пиење премногу вода, без замена на есенцијалните електролити може да го разреди нивото на сол и електролити во организмот, што доведува до различни здравствени проблеми. Протеинските шејкови се одличен начин на хидратација по тренинг, при што се добиваат потребните електролити а исто така ја надополнувате изгубената енергија после тренинг.

4. Продолжете со хидратација во текот на денот

По тренинг пиете вода само кога сте жедни. Можеби тоа не е доволно. Доколку неможете сами да се натерате, побарајте апликација, која ќе следи колку вода пиете во текот на денот. Имајте на ум дека на нашите тела им требаат околу 2 литри вода на ден за да останат здрави, но ова може да варира во зависност од активноста, тежината и метаболизмот.

5. Водата не е единствениот извор на хидратација

Ако не преферирате вода тогаш прбајте друга течност: газирана вода, билен чај, концентрат од алое, кокосова вода, свежо исцедени или пастеризирани сокови во умерени количини или вода со мирисни додатоци како лимон, билки или овошје. Грижата за вашето тело и осигурувањето дека ќе останете во форма и здрави започнува со правилна хидратација.