Без разлика каде патувате, колку долго трае патувањето или со што патувате треба да внимавате на вашето здравје.
1. Останете здрави ако патувате со авиот. Прво нешто што треба да направите е да си спакувате марамици за дезинфекција. Истражување на Travelmath открило дека масичките во авионите се најпрљави. Останати места кои се полни со микроби се копчето од казанчето, шнолата од безбедносните ремени и отворите за вентилација.
Потребни се само неколку секунди за да се избришат со антибактериско марамче и тоа може да ве спаси од настинка, грип или нешто друго. Пред полетување добро е да прошетате не да седите, додека пак за време на лет е убаво да носите чорапи за компресија, не заборавајте да се хидрирате и поспиете ако имате долг лет.
Бидејќи бучавата во авионот за време на лет е 85 децибели, изложеноста на истата подолго од осум часа доведува до привремени проблеми со слухот. Затоа добро е да носите слушалки кои ја намалуваат позадинската бучава и да слушате тивка музика.
2. Вежбајте додека сте на пат. Симнете некоја апликација и останете активни за време на вашиот одмор или службен пат. Се разбира доколку времето ви го дозволува тоа. Нешто што користат луѓето во светот е ClassPass, месечна програма за членство која ви овозможува различни видови на тренинг во повеќе од 2.500 градови ширум светот. Можете да најдете дури и часови за танц.
3. Хранете се здраво. Одберете хотел во близина на маркет. Не секогаш треба да се потпирате на хотелската храна. Многу поздрави намирници ќе најдете во локалните маркети. Бонус, ако сте во друга земја, истражувањето на намирници може да биде одличен начин да се развие чувството за локален живот и културата на храна.
4. Земајте суплементи. Покрај хранливата диета, зајакнете го вашето здравје со додатоци специфични за вашите потреби. Витамини, минерали, а особено витамин Ц кој ќе ви помогне во борбата со настинката и ќе ве одржува здрави.
5. Не го запостаставувајте менталното здравје. Минимизирајте го стресот. Одвојте дополнително време пред да го започнете вашето патување за да го испланирате. Истражете ја вашата дестинација, креирајте список на места што сакате да ги видите или работи што сакате да ги направите. Направете копии од вашиот пасош, важни документи, броеви за итни случаи, картички, патничко осигурување – во случај нешто да тргне наопаку.
6. Превземете апликација за медитација. Најчесто климата, промената на креветот, храната… знаат да ве остават без сон или да ве вознемират. Овие апликации помагаат во заспивањето и при вознемиреност.
7. Искажете благодарност кон списанијата. Новинарството (списанија, весници…) е една од најпопуларните алатки за подобрување на менталното здравје. Докажано е дека го намалува стресот и го подобрува вашето расположение. Дури и ако сте потполно среќни читањето списанија може да доведе до поголема среќа, наведувајќи ве да размислувате за што сте благодарни.