Модната куќа Dolce & Gabbana ги разубавува кујнските апарати на компанијата Smeg и внесува дизајнерска свежина во вашот дом. Колекцијата на кујнски апарати насловена Majolica која изобилува со дезен и боја, неможе да се вклопи во футуристичка и минималистичка кујна.

Сино-белата шема на апаратите е инспирирана од дезенот на стари Сицилијански плочки. Линијата прво свое претставување имаше на Саемот за мебел во Милано во 2018 година. Оваа колекција би можеле да си ја дозволат само луќе кои би сакале да платат износ од 10.000 американски долари за фрижидер или 5.000 американски долари за аспиратор.