И покрај многуте соработки кои ги има брендот Supreme, тимот кој стои зад скејт-брендот, знае каде да го насочи своето внимание. Колекцијата се состои од пачиња во смели бои, оддавајќи почит кон најбараните модели на италијанскиот бренд: Diablo, Murciélago и Aventador.

Колекцијата која се состои од седум парчиња е во смели бои, како светла портокалова, неон зелена, со црни детали и секако иконското лого на италијанскиот производител на автомобили. Парчињата облека кои се дел од оваа колекција се дуксери, хокеј маички, кошули со кратки ракави, комбинезон, капи, маици и скејт даска.

Логото на бик на автомобилскиот производител може да се проследи од почетокот на Lamborghini, претставува хороскопскиот знак на Феручио Ламборџини и е симбол на неговата воодушевеност од шпанските бикови.