На CES 2020, Sony го претстави концептот на електричен автомобил наречен Vision S со 33 вградени сензори. Прототипот, кој е во фаза на тестирање, е замислен да опфаќа безбедност, удобност, забава и приспособливост, а дизајнот кој го претстави симболизира претопување на технологијата во забава.

Овалните елементи цртаат унифицирана естетика полна со мазни лакови и кривини кои му даваат на возилото еден беспрекорен изглед. Дизајнерите наместо да му дадат футуристички изглед на автомобилот, како што би се очекувало, создале возило од „следната генерација” кое ни е на дофат.

Проектот Sony Vision S бил завршен за само две години, со пристап кој вклучил користење на 3Д-податоци како основа за сè, од првичното планирање до последната фаза. Тимот дизајнери ги користеле своите дигитални ресурси и VR технологија за концептуализирање на автомобилот.

Со оглед на тоа дека станува збор за технолошка компанија Vision-S е опремен со најновите технолошки иновации. Сензорите овозможува 360 степени препознавање на сообраќајните услови, што значи поголема прецизност, напредна контрола на патувањето, самостојно паркирање и функции за промена на лента.

Во срцето на овој EV лежи двоен 200kW електричен мотор со погон на сите тркала. Од Sony изјавуваат дека автомобилот забрзува од 0-100 километри на час за само 4,8 секунди со максимална брзина од 240 километри на час.