Кога станува збор за „преносливата музика“, пред 20 години синоним за ова беше Sony Walkman уредот кој работеше на касети, а подоцна и на компактни дискоци. Ова беше секојдневна глетка пред да се појават MP3 уредите, а подоцна и iPod на Apple.

Sony Walkman брендот постои од 1979 година и е еден од пионерите на „преносливата музика“. Овие уреди беа исклучително популарни се до 2000-тите години, поради што и нивното име е синоним за слушање музика. Времињата се поменија, Apple го претстави iPod, дигиталниот музички уред кој може да содржи до 1.000 песни со премиум изглед спакувани во помало пакување од најмалата касета која некој уред на Sony можеше да ја поддржи. Исто така имаше и повеќе песни од било кој единечен диск.

Apple iPod направи револуција во „преносливата музика“ и го означи почетокот на дигиталните музички уреди. Поради тоа Walkman мораше да еволуира. И успеа да напредува со исклучителна брзина. Sony се уште произведува дигитални музички уреди. Но, не станува збор за било какво уреди, туку за премиум гаџети за дигитална музика, а сега Sony лансираше два нови уреди.

Станува збор за NW-WM1ZM2 и NW-WM1AM2. Инспирирани од DMP-Z1, двата модели нудат моќно напојување и симнување и стримување на музика преку Wi-Fi компатибилност. Фино дотерани низ текот на годините, NW-WM1ZM2 е надграден врзисторијата на препознатливите серии на Sony, ставајќи приоритет на истенчениот звук за премиум искуство. Уредот е направен од бакар обложен со 99,99% чисто злато.

Од друга страна, NW-WM1AM2 се одликува со помазно и поекспанзивно звучно поле во однос на својот претходник, овозможувајќи исклучително висок аудио квалитет. Овој модел користи рамка од алуминиумска легура со цел да се добие ригидно куќиште кое е отпорно на електричната бучава и други звучни пречки.

NW-WM1ZM2 и NW-WM1AM2 ќе бидат достапни на одредени пазари почнувајќи од април оваа година.