Sony Interactive Entertainment на својот последен PlayStation 5 настан официјално ја откри цената за својата next-gen конзола, како и датумот на лансирање.

Имено, Sony PlayStation 5 во Европа ќе се продава по цена од 499 евра, односно 399 евра за дигиталната верзија која пристигнува без читач за цедиња. Двете верзии на конзолата од новата генерација ќе пристигнат на 12 ноември за одредени пазари, додека остатокот од светот ќе има шанса да ја добие една недела подоцна (19 ноември).

Неодамна и Microsoft ги објави цените за своите next-gen конзоли, па така Xbox Series S ќе се продава по цена од 499 долари, додека помалата и послабата Series S ќе се продава по цена од 299 долари. Двете конзоли се очекуваат да пристигнат на 10 ноември.

PlayStation 4 чинеше околу 400 евра при лансирањето, додека Pro верзијата првично се продаваше по истата цена подоцна од животниот век на оригиналната конзола. Sony исто така потврди дека PlayStation 5 ќе има компатибилност со најголемиот дел од PS4 насловите, иако не беа официјално потврдени насловите.

Како и да е, Sony ги објави и последните детали кои недостасуваа за новиот PlayStation. Сега ни останува само да почекаме да дојде 19 ноември и да се подновиме со next-gen конзолата.