Новата генерација на VR контролер на Sony за PlayStation 5 моментално е само дизајн инспириран од желбата за создавање подлабоко чувство кај играчите. Прототипот наскоро ќе биде подготвен и ќе влезе во развојна фаза. Ергономскиот дизајнот е во форма на топка, со цел да донесе поприродно ракување и движење на раката. Во овие контролори од подобрувањата се набројани лев и десен адаптивен тригер и хаптички повратни информации прилагоден на факторот форма. Покрај ова VR контролерот ќе има и детекција на допир, што му овозможува на уредот да го детектира поставувањето на вашите раце дури и додека сте опуштени и да овозможи поорганско гестикулирање во играта.