Metacycle е новиот електричен мотор на SONDORS дизајниран за авантуристи. Со целата еколошка „етикета“ во Metacycle е претставена новата „еко-рамка“ на компанијата со елегантен, тесен профил. Компанијата е позната по своите е-велосипеди, па како прв електричен мотор на компанијата, Metacycle може да се пофали со релативно прифатлива цена од 5.000 американски долари.

Неговиот мотор од 14,5 kW со околу 20 коњски сили обезбедува номинален потисок од 8kW во повеќето услови со максимална брзина од околу 128 километри на час. Тежината на Metacycle изнесува 91 килограм а неговата батерија се полни за четири часа. Рамката која е целосно алуминиумска го прави визуелно впечатлив овој електричен мотор, а боите во кои е достапен се црна, сребрена или бела. Овој мотор на SONDORS треба да дебитира кон третата половина на 2021 година.