Snowfeet, чудно име за опрема која претставува еден вид на еволуција на скиите но истовремено може да се каже дека се и еволуција на сличугите бидејќи тоа што го претставуваат е комбинација на скијање и лизгање. Целта на овие додатоци е скијање/лизгање на снег едноставно со прикачување на овие додатоци на вашите чизми.

Овие интересни додатоци се креирани и произведени во Чешка, од Михаил Подесва и Збинек Суба. Нивниот лесен и мал дизајн ги прави доста практични што можат да се вклопат во било која торба. Големината не е проблем бидејќи е универзална и се адаптира на чевли од број 35 до број 46.

Snowfeet

Изработени од висококвалитетна пластика, покриена со фиберглас, засилени со метални рабови кои овозможуваат лесно сопирање, Snowfeet се прицврстуваат за вашите обувки со ремени и токи, за да се обезбеди стабилност и цврстина.

Фактот што се помали, можат да ве одведат низ тесни шумски патеки низ кои не би поминале со скии или сноуборд и тоа што се доста поефтини ги прави доста привлечни.