Snapchat нуди исклучително уживање во перформанс на светскиот N°1 диџеј Дејвид Гета. За да го гледате сетот, симнете ја и отворете ја апликацијата, а потоа едноставно насочете ја камерата на вашиот уред кон небото и проверете дали специфичната леќа за настанот се појавува.

Доколку не се појави,  побарајте и изберете DJ Mag во Lens Explorer. Откако ќе го изберете, огромен виртуелен Дејвид Гета ќе се појави и забавата може да почне. Поради пандемијата диџеј-сетот на Дејвид Гета, кој требаше да се одржи во Амстердам пред илјадници обожаватели беше претворен во дигитален перформанс. Дејвид Гета оваа година беше крунисан за N°1 диџеј на Top 100 DJs Awards.