Можеби на голем дел од нас сè уште ни изгледа како научна фантастика, но smart home технологијата навлегува во нашите домови со голема брзина. Нов извештај на податоци предвидува дека пазарот за сè поврзано со паметните домови, ќе расте. Од гласовни асистенти до интерактивни безбедносни системи.
Според извештајот на Strategy Analytics, глобалниот пазар за smart home технологијата се очекува да достигне 103 милијарди долари на крајот од 2019 година. Голем дел од предвидените трошоци, околу 54% ќе бидат насочени кон паметните уреди и хардвер. Но, бројките вклучуваат и услугите на паметните уреди (како што се претплатите) и трошоците за инсталација. Strategy Analytics предвидуваат и понатамошен годишен раст од 11%, што би значело дека smart home технологијата ќе достигне и 157 милијарди долари до крајот на 2023 година.
Што ги покачува овие бројки?
Strategy Analytics објаснуваат дека е зголемен интересот за интерактивните безбедносни системи. Сепак, водечки на листата најупотребувани се категоријата електрични уреди. Иако не е поспецифично дефинирана во извештајот, се претпоставува дека вклучува гласовни и видео асистенти контролирани од страна на интернетот.
Според предводникот на извештајот, Џек Наркота, порастот на smart home технологијата е резултат на освестувањето на луѓето за придобивките од ваквата технологија во секојдневното живеење. Освен тоа, тој забележува дека цените на ваквата технологија се опаднати, што значи дека уредите стануваат подостапни за просечниот купувач.
Извештајот кажува дека до 2018, 200 милиони домаќинства ширум светот имале барем еден паметен уред. Се очекува уште дополнителни 100 милиони домаќинства да се приклучат на smart home технолошкиот бран до 2023.