Редакцијата на Машки Магазин ја врачи престижната статуетка на Никола Ристановски и го претстави на Автомобилот за вистинскиот маж, новиот Peugeot 508.

На 15 март на гламурозниот настан во Македонскиот Народен Театар беа доделени статуетките на победниците во категориите од изборот на Маж на Годината на Машки Магазин. Главната награда не беше доделена во отсуство на Никола Ристановски поради снимање филм во странство.

Кратко време подоцна и М мажот на годината е во Скопје. Дел од жирито се собра во неформална атмосфера и ја додели статуетката на човекот кој со својот изглед, харизма, успех и животна филозофија треба да е пример за секој македонски маж.

Оваа прилика ја искористивме и да го запознаеме Никола Ристановски со Автомобилот на годината за вистинскиот маж. Изборот на жирито од редакцијата на Авто Плус од автомобилите претставени на нашиот пазар помеѓу двете изложби на салонот во Женева е новиот Peugeot 508. Добитник на меѓународна награда за најдобар дизајн како и неколку награди за Автомобил на Годината.

Вистински спој!