Единственото добра работа која модните фанатици можат да ја извлечат од ситуацијата е модна ревија достапна за сите. Поврзувањето со природата и меѓусебе е целта на Burberry кој го најави своето следно физичко шоу за 17-ти Септември а кое ќе биде отворено за сите преку онлајн. Социјално дистанцирање, карантини, затворени граници… сето тоа ги доведува настаните поврзани со модата во неизвесност и наметнува многу неодговорени прашања.

Сеуште нема детални информации за модните недели и есенските ревии за сезоната пролет-лето 2021. Ова се ситуации кои треба допрва да се решаваат но едно е сигурно дека за почеток ќе има комбинирање на физички и дигитални презентации. Burberry е првата модна куќа што официјално ја објави својата програма.

„Сега повеќе од кога и да било, мора да се преиспитаме, да се менуваме“, изјавија од модната куќа. И додека другите модни куќи ги мерат своите опции во однос на времето на ревиите и новите форми на изразување за презентација на нивните идни колекции, Burberry излезе со план кој според нив е најдобар компромис, тимот ангажиран од страна на модната куќа физички ќе се собере, додека резултатот од нивните напори ќе биде претставен како дигитално искуство.

„Како луѓе, секогаш сме имале афинитет кон природата. Моравме да ја почитуваме и да се потпираме на нејзината моќ за наша егзистенција, воодушевувајќи и восхитувајќи се на нејзината убавина. Неодамна сите копнееме да се поврземе со природата повторно, па за ова шоу сакав да ги славам овие чувства со зближување на нашата заедница со едно креативно искуство што се случува во прекрасниот, природен пејзаж на Британија “, објаснува Рикардо Тици.