Очилата се неминовен стилски додаток. Тие одамна ја надминаа нивната практична примена и станаа модна „изјава“. Па како фундаментален додаток во скоро секој гардеробер тие имаат големо влијание и врз целокупната појава на еден човек или истакнување на формата на лицето. Поради тоа што го добија своето заслужено место во модната индустрија, дури и славнителичности ги носат без разлика дали на „црвениот тепих“ или не.

Рајан Гослинг

Женскиот срцекршач, иако на филм го гледаме без наочари, сепак Рајан Гослинг доста често можеме да го видиме со наочари кога не е пред камера. Во целиот аутфит наочарите го надополнуваат неговиот интересен стил, додека може да се каже дека додаваат некаква доза на професионалност на неговата и така бунтовничка појава.

Рајан Рејнолдс

Овој актер во повеќето филмови го гледаме без очила, но често може да се види како ги носи зад сцената во неговиот секојдневен живот па дури и на Инстаграм. За разлика од Гослинг, Рејнолдс носењето на очилата го прави на еден пософистициран начин, со поголем стил. Покрај тоа, освен што ги носи за секојдневно, тој исто така е забележан како носи очила и додека игра голф.

Лук Еванс

Актер кој дефинитивно знае да се снајде во било која улога што ќе ми биде доделена. Сепак, тој ретко се појавува во филмови со наочари, што е доста контраст со неговиот секојдневен живот и всушност е самиот дел од кампањата за очила.

очила

Кит Харингтон

Познат како Џон Сноу од мегапопуларната серија Game of Thrones, Кит често може да се види со очила во секојдневниот живот. И додека на филм секогаш го гледавме облечен во крзно, тој всушност е „кежуал“ тип кој добро знае да ги искомбинира своите очила во стилот кој го има.