Да бидеш ќелав, генетски или не, иако не ви се допаѓа, не е толку страшно. Мора да ја смирите паниката и да ја прифатите реалноста. Ќелавоста е далеку од „крајот на светот“, затоа пренасочете се, и посвете внимание на нешто друго…како на пример што ќе облечете. Сцената има многу славни актери кои се ќелави и тоа го носат со гордост. Дури може да се каже и дека добро изгледаат. Сите овие момци не само што се ќелави, тие се радуваат на својата ќелавост, гордеејќи се со своите „светкави куполи“ кои се нивен „потпис“. Еве неколку инспирации за тоа колку добро знае да изгледа ќелавоста.

Dwayne Johnson

Славниот актер познат како Карпата, има силен, препознатлив изглед. Голема насмевка. Љубезни очи. Силно развиено тело. Иако не е ќелав поради генетска предиспозиција, тој е ќелав по избор, што секако допринесува до фактот де не би можеле да го замислиме поинаку.

Jason Statham

Дефинитивно еден од најпознатите ќелави херои меѓу сите мажи што губат коса. Иако почнал да ја губи косата, овој актер сеуште ни е омилен и најчесто познат како „the tough guy“ и неговиот остар поглед.

Michael Jordan

Кошаркарот имал коса кога почнал да игра во универзитетските денови. Додека стигне до Чикаго Булс, тој веќе ја бричел својата глава. Но токму во оваа професија тој се истакна, а со тоа и неговиот стил.

Stanley Tucci

„Па, потребно е некое време, бидејќи не ја губите косата одеднаш“ има изјавено актерот за неговата ќелавост. Оваа класична машка ќелавост кај актерот само го надополнува неговиот шарм.

Common

За неговата ќелавост ќе каже „ќелавоста е преценета“. Но овој рапер и актер, добитник на Оскар е препознатлив по неговиот мазен скалп.

Bruce Willis

За својата ќелавост ќе каже: „Ги гледав тие мали поткопувања кои се обидуваа да направат да се чувствувате помалку маж затоа што ја губам косата. Но јас сум маж, и ќе клоцам задници, и тоа важи за секој кој ќе каже дека не сум маж бидејќи сум ќелав.“