Во овој период од годината сите се запрашуваат како да го намалат вишокот на килограми најбрзо. Па затоа препорачувам да се задржиме на основните правила на здравата исхрана.

Јадете најмалку 6 оброци на ден!

Со внесувањето на мали и чести оброци, вашиот метаболизам ќе работи со забрзано темпо. Кога јадете почесто мали порции на храна телото вика „подобро да ги искористам овие калории сега зашто за 2-3 часа ќе добијам следна порција”. За да си олесните, планирајте ги оброците ден претходно.

Здравите протеински барчиња може да ги вметнете, но внимавајте на нивниот состав. Не се што се рекламира дека е здраво, е навистина здраво. Задолжително вметнете овошје, зеленчук и јатки покрај протеините и јаглехидратите.

Јаглехидратите не се забранети!

Доколку јадете 6 пати на ден, обидете се сите јаглехидрати да ги внесете во првите три оброци. Какви јаглехидрати се дозволени? Кафеав ориз, житарици од цело зрно, овесни снегулки и сл. Избегнувајте ги рафираните јаглехидрати како разни производи што содржат бело брашно или шеќер.

Рафинираните јаглехидрати предизвикуваат инсулински скок. Заради инсулинскиот скок телото задржува повеќе калории и ги чува како масни наслаги. Генерално правило е колку е постабилно нивото на инсулин, толку поголемо е намалувањето на масните наслаги. Затоа кога внимавате на исхраната и сакате да слабеете мора да ги избегнувате белот леб и бомбоните.

Јадете протеини!

Протеинот ви помага да растете и да ги одржувате мускулите. Затоа чипсот не е добар избор на храна за после вежбање. Добар извор на протеини се пилешкото месо, чисто црвено месо, јајца и протеинските шејкови. Протеинските шејкови се многу практични бидејќи прашокот може да го носите секаде со вас и само да додадете вода и имате оброк.

Одвојте време за кардио!

Сè што е потребно е да одвоите 30 мин 3-5 пати во неделата. Најефективен кардио тренинг е оној направен сабајле на празен стомак затоа што нивоата на гликокен во телото се многу ниски и вие ќе трошите калории од наталожените масти.

Внимавајте и на пулсот кога работите кардио, пулсот треба да се движи некаде помеѓу 75 и 85% од максималниот пулс. Тоа се пресметува на следниот начин: од 220 ќе ги одземете вашите години и помножете со 0,75 и со 0,85. Повнимавајте пуслот да се движи помеѓу тие вредности.

Не го прескокнувајте доручекот!

Доручекот е најважниот оброк во текот на денот. Во текот на ноќта метаболизмот се забавува. Затоа наутро обезбедете добар извор на протеини, јаглехидрати и здрави масти за да го забрзате метаболизмот и темпото да трае цел ден.

здравата исхранаЦинк – да или не?

Цинкот игра повеќе улоги во телото, од помагање на имунитетниот систем до одржување на здраво ниво на тестостерон. Прочитајте подолу како да го внесете потребната количина на овој важен минерал.

Сигурен сум дека водите грижа за внесување на сите витамини и минерали кои се важни за здравјето, затоа не смеете да го заборавите ни цинкот.

Доколку го земате повеќе од потребното нема да ви направи многу добро, но кога не го земате може да е проблем бидејќи со секое потење губите по малку цинк од телото. Ова е особено важно за оние кои се физички активни.

Што е цинк?

Цинкот е есенцијален минерал, што значи не се произведува во телото и мора да се внесе преку храна или да се земе како додаток во исхраната. Високи нивоа на цинк може да се најдат во школките, црвеното месо, жолчката, јатките, житарките и сл.

Која е функцијата на цинкот?

Една од функциите на цинкот е да им помогне на ензимите во телото кои ја одржуваат правилната функција на имунитетниот систем да го заштитува телото од слободни радикали.

Цинкот исто така помага во одржувањето на здраво ниво на тестостерон што е особено важно за мажите. Цинкот е вклучен во координацијата на нервниот систем и хормоните, како и во одржувањето на здрава кожа и регенерацијата на коскеното ткиво. Многу истражувања докажале и дека цинкот има антидепресивен ефект.

Дали може да се обезбеди потребната дневна доза на цинк преку храна?

Препорачана дневна доза за мажи е 15 мг., а за жени е 12 мг. Доколку сте љубители на морска храна може преку храна да имате доволен дневен внес. Меѓутоа многу веројатно е дека секој ден не внесувате доволна количина на храна богата со цинк па затоа препорачливо е преку додатоци во исхраната константно да го внесувате овој минерал.

здравата исхрана