Викендот 6-ти и 7ми октомври се возеше третата кружна трка од Македонскиот шампионат, која воедно се бодува и во календарот на ЦЕЗ (Централно Европска Зона). На добро познатата патека пред Македонската радио телевизија (МРТ) во три девизии настапија околу 35 домашни и по некој странски натпреварувач.

Во првата девизија, каде се возеа познатите „југовци“, трата ја завршија шест натпреварувачи. На стартот Георгиј Наков успеа да го помине Ристо Вуков, но за жал по неколку кругови по ударот на гумите во првата шикана ја загуби предноста.

кружна трка

Подоцна во трката ја загуби и втората позиција од Филип Василевски. На листата подолу се наредија, Александар Георгиевски на четвртата позиција, Мартин Делев на петтата и Никола Попевски на шестата позиција. Во девизија 2, настапија автомобилите до 2000 кубни сантиметри, а трката ја завршија само три возила.

На оваа трка иако Југослав Милошевски со својата Opel Corsa го имаше најдоброто време меѓу сите натпреварувачи, не успеа да го заврши натпреварувањето. Првата позиција ја имаше Бојан Петрушевски, а по него се наредија Дејан Георгиевски и Марко Мишевски.

Во третата и најсилната девизија се возеа автомобили од две класи. Едната беше над 2000 ccm 3 , а другата над 1600 ccm 3 . И во двете класи имаше по тројца натпреварувачи кои ја завршија трката.

Кај посилните првата позиција ја освои Ненислав Петковиќ, а на втората и третата позиција завршија Даниел Симиќ и Миле Тодоров. Додека кај послабите најдобар беше Орхан Амет, а по него завршија Благоја Димитровски и Перо Георгиевски.