Би помислиле дека станува збор за музеј на предисторијата, но всушност е вила, која како дел од ентериерот има целосен скелет од диносаурус.

Лоцирана е во Беверли Хилс и сместена на површина од околу 1200 м2. Располага со 5 спални соби и 9 бањи и скелет од Алосаурус, сопственост на приватен колекционер. 

Вилата, има фитнес студио, соба за вина со повеќе од 600 шишиња, театар за 12 лица и базен од 25 метри.