А24 е американска независна ентертејмент компанија која е позната по своите брилијантни модерни хорори. Оваа компанија ни го претставува наследникот на Midsommar, филмот „The Green Knight”. Овој пат се навраќаме на легендата за кралот Артур и витезите на тркалезната маса.
Главниот лик во претстојниот историски трилер го толкува Дев Пател. Во филмот се појавува и Алисија Викандер, а режијата е на Дејвид Ловери. Епската фантастична авантура заснована на безвременската легенда за Артур, ја раскажува приказната за Сер Гавин, непромислениот и тврдоглав внук на кралот Артур, кој тргнува во смела потрага по Зелениот витез, со кого сака да се соочи.