Acura ги продаде сите свои 300 суперавтомобили NSX Type S 2022 за помалку од 24 часа. Покрај тоа што сите 300 автомобили кои беа наменети за пазарот во САД беа резервирани за помалку од 24 часа, а уште 100 клиенти се запишаа на листата на чекање. Почнувајќи со цена од околу 170.000 американски долари, се очекуваше дека оваа верзија да биде доста популарна и да постигне голема побарувачка, со оглед на нејзината славна историја како една од иконите на Honda.
Во соопштението се вели дека е „најбрзиот, најмоќниот и најуспешниот производствен NSX досега“. Последниот суперавтомобил NSX Type S може да се пофали со 3.5-литарски твин-турбо мотор кој постигнува околу 600 коњски сили. Освен 300-те примероци кои ќе патуваат директно за Соединетите Американски Држави, компанијата предвиди и 30 единици резервирани за Јапонија и уште 20 за остатокот на светот.