Капитенот на Барселона, Лионел Меси, по шести пат во својата кариера се закити со најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот – „Златната топка“.

На свеченото доделување на наградата во Париз, кое го организираше францускиот магазин „France Football“, беа присутни сопругата и двата сина на Аргентинецот, а шоуто го украде неговиот помал син Матео.

Матео не можеше да ја сокрие возбудата и радоста во моментот кога неговиот татко беше прогласен за најдобар на светот, а неговата реакција стана хит на социјалните мрежи.

Меси во една своја изјава неодамна откри дека неговиот помал син Матео често ги слави поразите на Барселона за да го провоцира постариот брат Тијаго, но во Париз ситуацијата беше поинаква, бидејќи негова „жртва“ сега беше внукот на Вирџил ван Дајк, на кого му се потсмеваше бидејќи неговиот татко го победи дефанзивецот на Ливерпул во конечниот пласман.